По снежното невреме кое зафати голем дел од регионот, особено Хрватска и Босна каде снежната покривка достигнува и над 50 сантиметри во одредени предели, оваа ноќ во овие предели имаме исклучително ладно време поради влијанието на многу ладниот воздух кој се спушта од север па така температурите речиси насекаде се под нулата а локално тие се приближуваат дури до -10 степени.

На метеоролошката карта можете да ги видите температурите ширум регионот во овие ноќни часови.























