УТРО.мк

Обвинителството бара дополнителни шест години за Тачи: Казната би можела да достигне 31 година затвор

Обвинителството бара дополнителни шест години за Тачи: Казната би можела да достигне 31 година затвор
Vero

Специјализираното обвинителство во Хаг побара Хашим Тачи да биде осуден на дополнителни шест години затвор во предметот што се однесува на попречување на правдата.

Во завршниот поднесок, Обвинителството побара времето што Тачи го поминал во притвор во овој предмет да не биде засметано во предложената казна. Доколку судот го прифати барањето, вкупната затворска казна за Тачи би можела да изнесува 31 година, имајќи ја предвид веќе изречената казна од 25 години затвор во предметот за воени злосторства.

Според „Косово онлајн“, Обвинителството се повикува на правилата на Специјализираните совети и на претходна судска практика во други меѓународни трибунали.

Во поднесокот се наведува дека Тачи од ноември 2020 година се наоѓа во притвор по налог поврзан со главниот предмет, а од ноември 2024 година има и посебен налог за апсење во постапката за попречување на правдата.

Обвинителството смета дека времето поминато во притвор треба да биде засметано само еднаш, односно во казната во главниот предмет. Како аргумент е наведена потребата од одвраќање од попречување на судските постапки.

Во истиот предмет, Специјализираното обвинителство побара и затворски казни за останатите обвинети. За Башким Смакај, Исниј Киљај и Фадиљ Фазљиу се побарани по три години затвор, додека за Хајредин Кучи е побарана казна од девет месеци.

Конечната одлука за предложените казни треба да ја донесе судијата кој постапува по предметот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран