
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, повторно ја нагласи посветеноста на земјата кон европската интеграција, истакнувајќи дека „Србија останува на европскиот пат“. Во контекст на неодамнешната посета на делегација од Европскиот парламент во Белград, Вучиќ не штедеше критики, опишувајќи ги членовите на делегацијата како „неважни луѓе, кои се неважни во своите земји, а важни само за нашата опозиција“.
Претседателот упати и остра порака кон домашната опозиција, обвинувајќи ја дека постојано работи против интересите на државата.



























