Поради обилните врнежи што го зафатија регионот, во општина Лерин се забележани локални поплави и одрони.
Неколку патишта се непроодни, а дел од земјоделските површини се под вода. Службите за итни ситуации се на терен и работат на обезбедување на безбедноста на жителите и отстранување на последиците од невремето.
























