УТРО.мк

Хрватска воведува задолжителен воен рок од почетокот на следната година

Хрватска воведува задолжителен воен рок од почетокот на следната година
Vero

Хрватска го враќа задолжителниот воен рок од почетокот на 2026 година

Со најавените измени на Законот за одбрана и Законот за служба во вооружените сили, Хрватска од 1 јануари 2026 година повторно ќе воведе задолжителен воен рок, по пауза од речиси две децении. Предлогот, поднесен од Владата на премиерот Андреј Пленковиќ, веќе е во процедура пред хрватскиот парламент.

„Од 2008 година, воениот рок беше суспендиран. Сега, со внимателно прилагодена основна воена обука, сакаме да овозможиме на младите генерации да стекнат вештини кои недостигаа цели 17–18 генерации. Ова ќе ја засили и оперативната подготвеност на Хрватската војска“, изјави Пленковиќ.

Два месеца обука, финансиска поддршка и работен стаж

Воениот рок ќе трае два месеца и ќе се извршува во касарните во Книн, Слуњ и Пожега. Регрутите ќе добиваат месечна надомест од 1.100 евра, со покриени трошоци за храна, превоз и одмор. Овој период ќе се смета како работен стаж, а вработените регрути ќе уживаат заштита од отпуштање за време на обуката.

Регрутација и санкции

Сите хрватски државјани ќе се заведуваат во воена евиденција со навршување 18 години, а повикот за воена служба ќе следи во годината кога лицето полни 19 години. Максималната возраст за служење воен рок е 30 години. По добиениот повик, секој регрут мора да се јави на задолжителен лекарски преглед. Во спротивно, следува принудно приведување од страна на полицијата и парична казна од 250 до 1.320 евра.

Алтернатива за приговор на совест

Лицата кои поради лични или верски убедувања одбиваат воена служба, ќе имаат можност да служат цивилно – во Цивилна заштита при МВР или во јавни комунални претпријатија.

Обуката во Цивилна заштита ќе трае три месеци, додека ангажманот во противпожарни служби, одржување зеленило и улици – четири месеци, со работно време од осум часа дневно, пет дена во неделата.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран