УТРО.мк

Истрага за брутално убиство во Србија: Пронајдено тело во буре, уапсени 10 лица меѓу кои и полициски началник

Истрага за брутално убиство во Србија: Пронајдено тело во буре, уапсени 10 лица меѓу кои и полициски началник
Vero

Српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за РТС синоќа изјави дека случајот со бруталното убиство кое ја потресе јавноста во Србија претставува „дело на монструми“ и најави засилена борба против организираниот криминал и корупцијата во безбедносните структури.

Случајот се однесува на пронајдено тело кај Инѓија, скриено во закопано буре, за кое истражните органи се сомневаат дека му припаѓа на Александар Нешовиќ, познат под прекарот Баја. Според информациите објавени во српските медиуми, убиството наводно се случило на 12 мај во ресторанот „27“ во белградската населба Сењак, каде што, како што се тврди во истрагата, Нешовиќ бил намамен да дојде по претходен телефонски повик.

Во рамки на истрагата досега се приведени десет лица. Меѓу нив се споменува и началникот на Полициската управа за град Белград, Веселин Милиќ, кој истиот ден бил разрешен од функцијата. Обвинителството се сомнева дека тој контактирал со Нешовиќ и го убедил да дојде во ресторанот без обезбедување, по што ситуацијата ескалирала.

Според истражните наводи, жртвата во еден момент се двоумела дали да влезе, откако забележала сомнителни возила пред објектот. Сепак, по нов телефонски повик од Саша Вуковиќ, познат како Боске, со кого наводно бил во конфликт, повторно се вратил и седнал на маса. Тогаш, како што се сомнева обвинителството, Вуковиќ извадил огнено оружје и испукал повеќе куршуми кон него.

Во своето обраќање, Вучиќ истакна дека сторителите се обиделе да ја насочат истрагата во погрешен правец, тврдејќи дека телото е фрлено во реката Сава, додека подоцна било откриено дека било закопано во близина на Инѓија.

Тој додаде дека форензичките екипи пронашле траги од изгорено дрво и други материјали, а телото, според неговите зборови, било ставено во буре, пресечено, запалено и потоа бетонирано во објект налик на гаража.

Вучиќ најави дека државата ќе преземе „најстроги мерки“ против сите кои се поврзани со криминални структури, вклучително и оние во рамки на полицијата, нагласувајќи дека нема да се дозволи злоупотреба на институциите за приватни или криминални цели.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран