Граничниот премин Евзони денеска ќе биде затворен за сите видови сообраќај во два временски периода – од 10:00 до 14:00 часот и од 18:00 до 22:00 часот – поради протест, информира АМСМ. Во овој интервал нема да биде возможен ниту влез ниту излез од Грција.
Од АМСМ соопштуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива нормално, по делумно влажни коловози. Интензитетот на движење надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини се бележат умерени задржувања: на „Дојран“ времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути, додека на „Табановце“ задржувањата достигнуваат до 40 минути. На останатите премини од македонска страна нема подолги чекања.
Патниците се повикуваат да го приспособат времето на патување согласно блокадите и актуелните состојби на граничните премини.



























