Денеска граѓаните на Букурешт го остваруваат своето право на глас за избор на нов градоначалник. Се очекува речиси 1.800.000 луѓе да гласаат на 1.289 избирачки места и да го одредат лицето што ќе управува со најголемиот и најбогат романски град до 2028 година, со буџет од 11 милијарди леи.
Изборниот ден започна во 7 часот наутро и ќе трае до 21 часот по локално време. За позицијата, која остана празна по изборот на Никушор Дан за претседател на Романија, се натпреваруваат 15 кандидати, иако на гласачкото ливче се наведени 17 имиња поради повлекување на двајца кандидати во последен момент.
Најмладиот кандидат има 32 години, додека најстариот е 66-годишен. Победникот ќе стане 17-ти градоначалник на Букурешт од 1990 година наваму.



























