УТРО.мк

48 часа целосен прекин на сообраќајот на источната обиколница во Солун од утре

48 часа целосен прекин на сообраќајот на источната обиколница во Солун од утре
Vero

Грчките власти најавија целосно затворање на источната внатрешна обиколница во Солун во двата правци. Причината е рушењето на мостот „Агиос Павлос“, клучен дел од големиот инфраструктурен проект Flyover кој го менува градскиот сообраќај.

Затворањето ќе започне во петок, 13 март во 23 часот и ќе трае цели 48 часа, до недела, 15 март во 23 часот. Сообраќајот ќе биде стопиран на делницата помеѓу клучките К7 (Ептапирхио) и К8 (Тријандрија), што значи дека возачите ќе мора да се снаоѓаат низ градските улици, каде што се очекува значително зголемување на метежот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран