
Силниот фокус и посветеност на Владата во реализацијата на капиталните инвестиции денес беа потврдени на средбата со Елена Гордеева, директор за инфраструктура во Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), и претставникот на ЕБОР во Македонија, Фатих Туркменоглу.
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, истакна дека ЕБОР е значаен и стратешки партнер на Македонија, особено во реализирањето капитални проекти во инфраструктурата и енергетиката. На средбата се разговараше за тековното портфолио на проекти, нивната реализација и можностите за понатамошно продлабочување на соработката.
Беше изразено задоволство од динамиката во реализацијата на одредени проекти, како и од капиталните расходи реализирани од почетокот на оваа година, што го потврдува континуираниот напредок во клучните инфраструктурни инвестиции.























