УТРО.мк

Рамбл на Крис Павловски склучи договор од 13,7 милијарди долари со АИ гигантот Ентропик

Рамбл на Крис Павловски склучи договор од 13,7 милијарди долари со АИ гигантот Ентропик
Vero

Компанијата „Рамбл“, основана и предводена од Крис Павловски, склучила стратешки договор вреден 13,7 милијарди долари со „Ентропик“, една од водечките компании во развојот на вештачката интелигенција, објавија повеќе специјализирани технолошки медиуми.

Информацијата засега не е официјално потврдена од двете компании. Според објавените информации, „Ентропик“ ќе користи дел од инфраструктурните капацитети на „Рамбл“, особено дата-центарот „Мејсвил“ во сојузната држава Џорџија.

„Рамбл“ кон крајот на август најави дека обезбедила голем нов клиент за својот бизнис со дигитална инфраструктура, но тогаш не го откри неговото име.

Според најавите, договорот со „Ентропик“ би траел шест години. Компанијата за развој на вештачка интелигенција, покрај закупот на капацитети во дата-центрите на „Рамбл“, би добила и можност во текот на шестгодишниот период да купи до 50 милиони акции на „Рамбл“.

„Ентропик“, компанијата основана од Дарио и Даниела Амодаи, е позната по развојот на моделот за вештачка интелигенција „Клод“, кој се користи за програмирање и други сложени задачи.

Договорот би бил значаен чекор и за „Рамбл“, која во последниот период сè повеќе го развива бизнисот со дата-центри и инфраструктура за вештачка интелигенција, покрај својата видео платформа.

„Рамбл“ неодамна ја презеде германската компанија „Нортерн Дата“, која започна со изградба на дата-центарот „Мејсвил“ во Џорџија. Капацитетите на овој објект се меѓу оние за кои, според објавените информации, е заинтересиран „Ентропик“.

Со развојот на дата-центрите под брендот „Квејк АИ“, „Рамбл“ настојува да изгради значајна позиција на пазарот на инфраструктура потребна за растот на вештачката интелигенција.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin