УТРО.мк

Зошто Папата Лав XIV одби да го прими Макрон

Зошто Папата Лав XIV одби да го прими Макрон
Vero

Папата Лав XIV одлучил да не го прими францускиот претседател Емануел Макрон на официјална аудиенција, што предизвика силни реакции и шпекулации во дипломатските и црковните кругови. Италијанскиот весник „Il Tempo“, повикувајќи се на извори од Државниот секретаријат на Ватикан и надбискупот Џовани Чезаре Пагацио, објави дека подготовките за првата државна посета на Макрон биле целосно запрени по директна одлука на папата.

Според информациите, организацијата на посетата траела неколку недели и била иницирана по барање на Елисејската палата, но надлежните ватикански служби добиле инструкција да го вратат барањето за аудиенција. Папата, наводно, јасно ставил до знаење дека во овој период нема да има ниту приватна, ниту државна средба со францускиот претседател.

Изворите наведуваат дека причините за ваквата одлука се повеќеслојни. Како еден од клучните фактори се посочува незадоволството на папата од законодавните политики на Франција во делот на етиката и човековите права, со посебен акцент на неодамна усвоените закони за еутаназија.

Дополнително, како извор на тензии се наведува и ставот на Ватикан кон, како што се оценува, зголемениот антиамерикански тон во француската политика, како и одредени изјави на Макрон за Соединетите Американски Држави. Ова, според изворите, добива уште поголема тежина со оглед на тоа што папата Лав XIV е со американско потекло.

Незадоволство во Ватикан, според истите информации, предизвикала и одлуката на Макрон, донесена во координација со парискиот надбискуп Лоран Улрих, за отстранување и преработка на дел од старите витражи во катедралата Нотр Дам, со цел нивна замена со современи уметнички решенија. Таа одлука предизвика протести од културни и католички организации во Франција и, како што се наведува, не наишла на одобрување ниту кај папата.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран