УТРО.мк

Вонредна состојба на Филипините: Најмалку 114 загинати од тајфунот Калмаеги

Вонредна состојба на Филипините: Најмалку 114 загинати од тајфунот Калмаеги
Vero

Претседателот на Филипините, Фердинанд Маркос Џуниор, прогласи вонредна состојба откако тајфунот Калмаеги однесе најмалку 114 животи, а повеќе од 100 лица се водат како исчезнати во централните делови на земјата. Станува збор за најсмртоносната природна катастрофа што ја погодила државата оваа година.

Најголем дел од жртвите се удавиле во бујични поплави, а најтешко погодена е провинцијата Себу, каде што се водат како исчезнати повеќе од 60 лица. Вкупно речиси 2 милиона жители биле погодени од невремето, а над 560.000 се раселени, од кои околу 450.000 се евакуирани во привремени засолништа.

Според властите, тајфунот донел количина дожд што вообичаено паѓа за месец и половина, предизвикувајќи излевање на реките и уништување на стотици домови и возила.

Во хеликоптерска несреќа поврзана со спасувачките операции загинале шест припадници на филипинското воздухопловство.

Маркос соопшти дека прогласената национална катастрофа ќе овозможи побрза дистрибуција на помошта и стабилизирање на цените на храната. Тој предупреди дека нов тропски циклон се формира над Пацификот и би можел да го погоди северот на земјата во наредните денови.

Филипините годишно ги погодуваат околу 20 тајфуни и се меѓу најранливите земји во светот кога станува збор за природни катастрофи.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран