УТРО.мк

(ВИДЕО) Трагедија во Турција: 11 загинати и 27 повредени откако автобус се судри со камион и се преврте

(ВИДЕО) Трагедија во Турција: 11 загинати и 27 повредени откако автобус се судри со камион и се преврте
Vero

Единаесет лица загинаа, а 27 се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска, 11 октомври, во западната турска провинција Маниса. Туристички автобус се судрил со камион и се превртел во близина на наплатните рампи кај Акхисар, на автопатот Гебзе–Орхангази–Измир.

Автобусот се движел од Бурса во правец кон Измир, а според турските медиуми, патниците биле на организирано патување кон термалните извори во областа Денизли.

По пријавата за несреќата, на местото пристигнале бројни екипи на итната медицинска помош, пожарникари, полиција, жандармерија и спасувачки служби. Повредените биле извлечени од возилото и пренесени во болници.

🚨
🚨

Турскиот министер за здравство Кемал Мемишоглу го потврди билансот од 11 загинати и 27 повредени. Според неговата информација, еден пациент е во тешка состојба, 18 се во средно тешка состојба, а осум се во добра здравствена состојба. Сите повредени се згрижени во болнички установи.

Несреќата предизвикала сериозен застој во сообраќајот на погодената делница, каде што движењето на возилата било значително отежнато додека траела интервенцијата.

За утврдување на околностите е отворена истрага. Министерот за правда Акин Ѓурлек соопшти дека постапката ја води Обвинителството во Акхисар, со ангажман на тројца обвинители.

Надлежните служби продолжуваат со утврдување на причините за судирот и одговорноста за несреќата.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран