Ријад – Снег падна во северните делови на Саудиска Арабија, што претставува прв ваков настан во последните 30 години, јавуваат локалните медиуми и метеоролошки служби.
Ezoic - wp_under_page_title - under_page_title
End Ezoic - wp_under_page_title - under_page_title
Реткиот временски феномен зафати пустински области на површина од илјадници квадратни километри – од планинскиот венец Тувајк на запад, па сè до региони поблиску до главниот град Ријад.
Локалните телевизии настанот го опишуваат како историски, додека жителите масовно споделуваат фотографии и видеа од заснежената пустина, славејќи ја несекојдневната глетка. Истовремено, дел од граѓаните изразуваат загриженост поради ниските температури, мразот и лизгавите патишта, кои создаваат отежнати услови за движење.
Од Националниот метеоролошки центар претходно предупредија на нагло опаѓање на температурите и нестабилни временски услови, апелирајќи до населението да ги почитува безбедносните препораки и да биде внимателно, особено во сообраќајот.
Ezoic - wp_under_first_paragraph - under_first_paragraph
End Ezoic - wp_under_first_paragraph - under_first_paragraph
Метеоролозите оценуваат дека ваквите екстремни појави се исклучително ретки за регионот и дека се резултат на специфична комбинација на ладни воздушни маси и атмосферски услови, кои значително се разликуваат од вообичаената клима во земјата.



























