
Драматични сцени од настан во САД на кој присуствувал американскиот претседател Доналд Трамп се шират на социјалните мрежи, откако безбедносните служби започнале итна евакуација на присутните по вооружениот инцидент.
Според видеата што кружат онлајн, припадниците на Тајната служба најпрво го извлекле Џеј Ди Венс, што предизвика бројни реакции и прашања кај јавноста за протоколот на евакуација. Набрзо потоа, од салата бил изнесен и претседателот Трамп.
Во еден од најсподелуваните моменти, се гледа како претседателот се сопнува додека обезбедувањето го придружува надвор од објектот, што дополнително ја засили драматичноста на ситуацијата.
Снимките покажуваат и вознемирени реакции кај дел од присутните. Меѓу нив е и вдовицата на Чарли Кирк, која, како што се гледа на видеото, во солзи повторува дека сака да го напушти местото, додека околу неа владее паника и конфузија.
Инцидентот предизвика сериозна безбедносна тревога, а целиот настан бил прекинат. Сите високи функционери биле итно евакуирани, додека безбедносните служби ја презеле контролата врз ситуацијата.
Иако снимките нудат делумен увид во случувањата, засега нема целосно официјално објаснување за редоследот на евакуацијата, ниту за причините поради кои одредени лица биле извлечени пред други. Надлежните институции продолжуваат со истрагата за да ги утврдат сите детали.























