УТРО.мк

(ВИДЕО) Дупка на крстосница „проголта“ две возила во Омаха САД

(ВИДЕО) Дупка на крстосница „проголта“ две возила во Омаха САД
Vero

Две возила пропаднале во голема дупка што ненадејно се отворила на крстосница во американскиот град Омаха, додека чекале на семафор, покажува снимка од безбедносна камера која брзо се прошири на социјалните мрежи.


На видеото се гледа како асфалтот под автомобилите одеднаш попушта и возилата паѓаат во дупката, по што на местото на настанот веднаш притрчуваат минувачи за да им помогнат на возачите.
Полицијата ги пофали граѓаните кои без двоумење реагирале и помогнале во извлекувањето на лицата од возилата. Според првичните информации, во инцидентот нема тешко повредени.


Надлежните служби го обезбедиле просторот и започнале истрага за причините за пропаѓањето на коловозот, додека сообраќајот во тој дел од градот бил пренасочен.


Се претпоставува дека станува збор за појава на таканаречена „sinkhole“, односно пропаѓање на подлогата поради подземни оштетувања или водоводни проблеми, но точната причина ќе биде утврдена по техничката анализа.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран