
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека е оптимист и дека мировен договор за прекин на војната меѓу Русија и Украина може да биде постигнат во блиска иднина.
Во обраќање пред новинарите во Овалната соба, Трамп посочи дека двете страни, според неговите проценки, значително се доближиле до решение, иако не откри конкретни детали за текот на разговорите. Изјавата ја пренесе агенцијата Ројтерс.



























