Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека напаѓачот кој пукаше на припадници на Националната гарда во близина на Белата куќа е авганистански државјанин, влезен во САД во септември 2021 година. Двајцата гардисти се тешко повредени, а Трамп го нарече напаѓачот „животно“ и најави дека ќе „плати највисока цена“.
Според американската полиција, осомничениот – идентификуван како Рахманулах Лакамал – отворил оган врз гардисти од Западна Вирџинија пред да биде совладан од друга единица на Националната гарда. ФБИ го води случајот како „ужасен чин на насилство“. Осомничениот е ранет четири пати и одбива да соработува.
Инцидентот се случил кај метро-станицата Фарагат Скејр во центарот на Вашингтон, на место полно со ресторани и вработени во време на пауза за ручек.
Трамп, познат по остар став кон имиграцијата, најави нови проверки за сите Авганистанци кои влегле во земјата за време на администрацијата на Бајден, по хаотичната евакуација од Кабул во 2021. Американската служба за државјанство и имиграција веќе ја стопира обработката на авганистански имиграциски барања додека не се ревидираат протоколите.
Осомничениот е хоспитализиран, мотивот за нападот засега не е познат.























