УТРО.мк

Трамп најави наскоро средба со Путин: „Ќе има размена на територии, локацијата ќе ги изненади многумина“

Трамп најави наскоро средба со Путин: „Ќе има размена на територии, локацијата ќе ги изненади многумина“
Vero

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека многу наскоро ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, пренесува Sky News.

„Многу брзо ќе имам средба со претседателот Путин,“ рече Трамп и додаде дека во мировниот договор ќе има размена на територии која ќе биде „во интерес на двете страни“.

Трамп повтори дека конфликтот во Украина е сложен, со голем број жртви од двете страни, но дека се работи на враќање и размена на одредени територии.

„Сите тие прашања се разгледуваат. Ние сакаме да вратиме делови од териториите, а некои да ги замениме. Се е комплицирано, ништо не е лесно,“ изјави тој.

Средбата, која можеше да се случи и порано, се одложи поради безбедносни договори, но Трамп изјави дека и Путин сака што поскоро да се сретнат.

На прашањето за локацијата на состанокот, Трамп не ја откри, но рече дека таа ќе „израдува многумина“.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран