УТРО.мк

Трамп: “Кока-кола” поради мене ќе го промени рецептот

Трамп: “Кока-кола” поради мене ќе го промени рецептот
Vero

Трамп: „Кока-кола“ ќе користи вистински шеќер во своите пијалаци во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека компанијата „Кока-кола“ се согласила да започне со користење шеќер од трска наместо пченкарен сируп во своите производи на американскиот пазар.

„Разговарав со компанијата за користење на вистински шеќер во ‘кока-кола’ во САД и тие се согласија. Ќе видите, сега ќе биде подобра. Им се заблагодарувам на сите одговорни во компанијата“, рече Трамп.

Од „Кока-кола“ не ја потврдија директно промената на рецептот, но портпаролот порача дека го ценат ентузијазмот на претседателот и дека наскоро ќе споделат повеќе информации за новите иновативни производи.

Во САД, „кока-кола“ традиционално се засладува со сируп од пченка, додека во земји како Мексико, Велика Британија и Австралија почесто се користи шеќер од трска. Министерот за здравство Роберт Кенеди Џуниор претходно изрази загриженост за здравствените последици од употребата на пченкарниот сируп.

Извршниот директор на „Кока-кола“, Џејмс Квинси, во април изјави дека компанијата продолжува со намалување на шеќерот во своите пијалаци.

Трамп е познат љубител на диетална „кока-кола“, која се засладува со аспартам, и има поставено копче на своето биро во Белата куќа за да му биде донесена во секое време.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран