
Американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да ја разреши Кристи Ноем од функцијата министеркa за внатрешна безбедност и објави дека планира да го предложи сенаторот од Оклахома, Маркван Малин, за нејзин наследник.
Одлуката дојде откако Ноем се најде под остар притисок на сослушувањето во Конгресот, каде што и републикански и демократски законодавци поставуваа критички прашања за нејзиното раководство.
Трамп на социјалните мрежи истакна дека Ноем ќе добие нова улога како „специјален пратеник за штитот на Америка“, иницијатива што, според претседателот, ќе биде клучна за унапредување на американската безбедност во Западната хемисфера.























