УТРО.мк

Трамп го отпушти шефот на Порезната управа за само два месеца – еве зошто

Трамп го отпушти шефот на Порезната управа за само два месеца – еве зошто
Vero

Американскиот претседател Доналд Трамп го разреши директорот на Порезната управа (IRS), Били Лонг, помалку од два месеца откако Сенатот го потврди на функцијата, објави The New York Times, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата.

Лонг, поранешен републикански конгресмен и долгогодишен сојузник на Трамп, најверојатно ќе биде предложен за амбасадорска позиција. Засега, функцијата привремено ќе ја извршува министерот за финансии Скот Бесент, додека не се најде трајно решение.

Според повеќе извори, односите меѓу Лонг и Бесент биле затегнати – Лонг наводно се жалел дека секоја одлука мора да ја добие со одобрување од министерот, а понекогаш дури излегувал во јавноста со најави кои предизвикувале конфузија.

Смената доаѓа во период на сериозна нестабилност во IRS – агенцијата годинава веќе смени шест директори, а во времето на Трамп ја напуштиле над 25.000 вработени.

Интересно е што токму Бесент го поддржа Лонг за директорската позиција во јуни, иако тој немаше големо искуство со даночна политика и во Конгресот дури поддржувал иницијатива за целосно укинување на IRS.

Лонг стана познат и по тоа што петок им дозволуваше на вработените да заминуваат порано дома – дури и по повод својот роденден.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран