
Колумбиски воен авион „Херкулес Ц-130“ се урна при полетување во густата амазонска прашума, во близина на границата со Перу. Во моментот на несреќата, на бортот се наоѓале 128 припадници на различни единици на вооружените сили и полицијата.
Според официјалните информации на колумбиското Министерството за одбрана, животот го загубиле 66 војници. На авионот имало 115 војници од армијата, 11 од воздухопловните сили и двајца припадници на националната полиција.























