Околу клучниот украински град Покровск се води сериозна борба, а руските сили претрпеле големи загуби во нивните последни офанзиви. Бившиот началник на штабот на 12-та Азовска бригада, потпуковник Богдан Кротович, тврди дека Русија дефинирала два главни фронта за офанзива во регионот на Доњецк – кај Добропилје и Лиман.
„Со огромните ресурси што ги поседуваат, Русите го избрале Добропилскиот фронт и Лиман за сериозна офанзива со цел да го опколат Константиновка, Дружкивка, Краматорск и Славјанск“, изјави Кротович. Според него, автопатот Изјум-Славјанск веќе е непрооден, а руските сили постепено го затвораат.
Во исто време, Русија масовно испраќа тенкови кон својата главна цел во Доњецк – градот-тврдина Покровск, кој не успева да го освоји со години, со големи човечки и технички загуби. Аналитичарот Дејвид Екс посочува дека Русија собирала тенкови речиси цела година, но сега ги губи побрзо отколку што може да произведе нови. Во складите остануваат само околу 2.500 стари советски тенкови, што создава сериозен стратешки проблем.
Околу Покровск, руските сили извршиле најмалку две големи оклопни напади, кои завршиле со катастрофални загуби. Еден од нападите, изведен од 5-та мотострелачка бригада, резултирал со уништување на тенк и 12 оклопни возила, при што загинале околу 100 руски војници. Слични загуби имало и во нападот на селото Шахово, каде координираната одбрана на украинските сили и употребата на дронови и мини го осуетиле планот на Русите.
Во последните 44 месеци, Русија изгубила околу 17.000 оклопни возила во Украина и ги трошат последните резерви од стари тенкови. И покрај плановите за производство на нови T-90M и T-72B3M, реалната руска производствена способност е ограничена, со што е ризично да се надоместат загубите од фронтот. Само оваа недела, руските сили изгубиле најмалку 33 оклопни возила кај Покровск, што значи дека еден неуспешен напад може да ја избрише производството на цели месеци.
Украинските сили продолжуваат да ги уништуваат руските оклопни единици со прецизни напади, додека руската офанзива се соочува со сериозни логистички и стратешки предизвици.