УТРО.мк

Тензии меѓу САД и ЕУ: Одбиени визи за комесари и експерти за интернет безбедност

Тензии меѓу САД и ЕУ: Одбиени визи за комесари и експерти за интернет безбедност
Vero

Европската унија реагираше остро на одлуката на САД да им одбијат визи на поранешниот комесар за дигитални прашања на Европската комисија, Тиери Бретон, како и на неколку активисти и експерти за дезинформации.

Поранешниот комесар Бретон, Клер Мелфорд од Глобалниот индекс на дезинформации (GDI), Имран Ахмед од Центарот за борба против дигиталната омраза (CCDH) и германските активистки Ана-Лена фон Ходенберг и Жозефин Балон се меѓу лицата на кои им е одбиена визата. Стејт департментот образложи дека мерката е преземена поради, како што велат, обиди за влијание врз американските социјални платформи и ограничување на говорот на кој се спротивставуваат.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, францускиот претседател Емануел Макрон и британската влада ја осудија одлуката, истакнувајќи ја како неприфатлива.

Естонската премиерка Каја Калас на X истакна дека Европа ќе продолжи да ги брани своите вредности, слободата на изразување и правото да го регулира својот дигитален простор.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран