УТРО.мк

Сопственикот на Кран-Монтана во притвор по смртоносниот пожар

Сопственикот на Кран-Монтана во притвор по смртоносниот пожар
Vero

Кантоналниот суд на швајцарскиот кантон Вале денеска му изрече тримесечен притвор на Жак Морети, сопственик на барот „Констелејшн“, каде што во пожар на новогодишната ноќ загинаа 40 лица. Притворот може да биде продолжен, јави „Темп“.

Морети изјавил пред истражителите дека вратата за итен излез била заклучена одвнатре, што дополнително го отежнало бегството на гостите. Првичната истрага покажува дека пожарот бил предизвикан од контактот на прскалките со звучноизолационата пена на таванот во подрумот на барот.

Истрагата го испитува и присуството на противпожарни апарати, како и дали излезите од барот одговарале на законските стандарди. Морети нагласил дека барот забранува влез на лица под 16 години, а лица на возраст од 16 до 18 години морале да бидат придружувани од возрасно лице.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран