УТРО.мк

Шпанија на „правата страна на историјата“: Санчез го истакнува ставот против војните во Украина и на Блискиот Исток

Шпанија на „правата страна на историјата“: Санчез го истакнува ставот против војните во Украина и на Блискиот Исток
Vero

Шпанија се декларира како земја на мирот, порача премиерот Педро Санчез во отворено писмо до членовите на Социјалистичката работничка партија (ПСОЕ). Според него, принципот „без војна“ не е само политички став, туку историска определба која ја става Шпанија на „правата страна“ и ја прави референтна точка за прогресивците и мирољубивите сили ширум светот.

„Од првиот ден јасно кажавме дека нема да тргнеме по патот на војната. Тоа значи сеќавање, достоинство и лојалност кон нашата нација“, истакна Санчез, потсетувајќи дека Шпанија остана конзистентна во овој став.

Премиерот не се воздржа да ја спореди сегашната политика со онаа од 2003 година, кога поранешниот премиер Хозе Марија Азнар ја поддржа војната во Ирак. Според Санчез, тоа ја „стави земјата на погрешната страна од историјата“. „Научивме што се случува кога власта го игнорира својот народ и ги следи интересите на странска сила. Но, уште поважно, видовме што се случува кога граѓаните стануваат и со храброст го кажуваат своето ’не‘“, додаде тој.

Санчез го нагласи дека мирот за неговата влада не е само слоган, туку суштинска потреба и морална обврска. „Тоа не е луксуз, туку неопходност. Не е молба, туку барање“, рече тој, истакнувајќи дека социјалистичката влада постапува во согласност со ова убедување.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран