УТРО.мк

Седум загинати во експлозија во населба за странци во Кабул

Седум загинати во експлозија во населба за странци во Кабул
Vero

Најмалку седум лица го загубија животот, а повеќе други се повредени во експлозија што се случи во елитната населба Шахр-е-Нав во Кабул, дел од градот каде што живеат и престојуваат претежно странци, соопштија болнички и безбедносни извори.

Според портпаролот на полицијата во Кабул, Халид Задран, експлозијата се случила во хотел на улицата Гулфароши, во четвртиот округ на авганистанската престолнина. Болничките власти информираат дека повредените биле итно пренесени на лекување, при што дел од нив се во тешка состојба.

Невладината организација „Итна помош“ соопшти дека во нејзиниот медицински центар во Кабул биле примени вкупно 20 лица по експлозијата, од кои седум починале пред да пристигнат во болницата.

Според информациите на АП, кинескиот државен радиодифузер CCTV објави дека двајца кинески државјани се тешко повредени, додека еден член на обезбедувањето го загубил животот. Ројтерс наведува дека Шахр-е-Нав важи за една од најбезбедните населби во Кабул и во неа се сместени бројни канцеларии, трговски центри и дипломатски претставништва.

Локалниот весник „Афган тајмс“ пренесува дека експлозијата се случила во близина на кинески ресторан и дека наводно целта било возило во кое се превезувале кинески службеници. Според истите извори, постојат сомневања дека нападот е поврзан со внатрешни судири меѓу фракции во рамките на талибанското движење.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран