УТРО.мк

Русија го стопира извозот на бензин за да го заштити домашниот пазар

Русија го стопира извозот на бензин за да го заштити домашниот пазар
Vero

Русија од 1 април воведува забрана за извоз на бензин за сите учесници на пазарот, вклучително и за производителите, со цел да обезбеди стабилно снабдување на домашниот пазар во услови на глобална енергетска неизвесност.

Одлуката била донесена на состанок предводен од вицепремиерот Александар Новак, во координација со раководствата на нафтените компании. Според информации од извори блиски до процесот, мерката би можела да остане во сила до три месеци, иако официјален рок сè уште не е потврден.

Во моментов не се разгледува воведување забрана за извоз на дизел гориво. Инаку, Русија веќе има активни ограничувања за извоз на бензин и дизел кои важат до 31 јули, но тие се однесуваат само на трговците што не се директни производители.

Новак претходно изјави дека приоритет на властите е обезбедување доволни количини гориво за домашните потреби, особено во време на зголемени глобални притисоци врз енергетските пазари.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран