УТРО.мк

Рубио најавува потенцијален крај на конфликтот: Во тек се разговори со Иран

Рубио најавува потенцијален крај на конфликтот: Во тек се разговори со Иран
Vero

Американската дипломатија сигнализира дека се отвора можност за смирување на тензиите со Иран, при што комуникацијата меѓу двете страни веќе не е само индиректна. Државниот секретар Марко Рубио откри дека се разменуваат пораки и дека не е исклучена ниту можноста за директна средба, оставајќи простор за потенцијален дипломатски пробив.

Во разговор за Fox News, тој потенцираше дека Вашингтон останува подготвен за разговори, но не по секоја цена. Според него, администрацијата на Доналд Трамп нема намера да влегува во процеси што би служеле само како тактичко одолговлекување. „Нема да дозволиме преговори кои се само фасада“, порача Рубио, додавајќи дека сегашната динамика укажува дека разврската не е далеку.

Паралелно со дипломатските сигнали, Рубио се осврна и на воените активности, нагласувајќи дека американските сили се движат кон целосно исполнување на поставените задачи. Тој оцени дека начинот на кој се спроведува операцијата би можел да остане запаметен како пример за исклучително ефикасно воено планирање и изведба.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран