УТРО.мк

Расте бројот на жртви од рускиот напад врз Киев: оштетена и зграда на ЕУ

Расте бројот на жртви од рускиот напад врз Киев: оштетена и зграда на ЕУ
Vero

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека бројот на загинати во масовниот руски напад врз Киев достигна 14 лица, вклучувајќи три деца. Тој го осуди „страшниот и намерен масакр врз цивилите“ и нагласи дека Русија не се обидува да го заврши конфликтот, туку само да предизвика нови удари.

Според украинското воено воздухопловство, Русија испукала 598 дронови и 31 балистичка или крстосувачка ракета. За време на нападот биле оштетени десетици згради во Киев, вклучително и станбени и административни објекти, како и објекти на цивилни компании.

Зградата на мисијата на Европската унија (ЕУ) во Киев била оштетена при „намерен“ руски напад, изјави претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, нагласувајќи дека ЕУ „не се плаши и нема да се заплаши“.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран