Путин: Не бараме капитулација од Украина, туку признавање на реалноста
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва не бара капитулација од Украина, туку очекува признавање на реалноста на теренот.
„Не инсистираме на капитулација од украинска страна. Она на што инсистираме е признавање на реалноста што се создаде на терен“, рече Путин за време на своето обраќање на пленарната сесија на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург (СПИЕФ), одржана во петокот.
Тој истакна дека Русија, според него, во сите фази од конфликтот нудела можност за постигнување договор со Украина, но таквите предлози не биле прифатени.