УТРО.мк

Путин го кани Зеленски во Москва, тој се двоуми

Путин го кани Зеленски во Москва, тој се двоуми
Vero

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва е најдоброто место за евентуална средба со украинскиот лидер Володимир Зеленски.

– Ако некој навистина сака да се сретне со нас, подготвени сме. Најдоброто место е главниот град на Руската Федерација, херојскиот град Москва – рече Путин на Источниот економски форум во Владивосток.

Тој потсети дека Киев до неодамна ја исклучуваше можноста за директен контакт, а сега сам предлага средби. Путин нагласи дека Русија гарантира целосна безбедност за Зеленски и неговата делегација ако решат да дојдат во Москва.

Рускиот лидер оцени дека барањето средба во Киев е „прекумерно“ и изрази скепса за постигнување договори: – Дури и ако има политичка волја – во што се сомневам – постојат правни и технички тешкотии.

Тој потсети дека според украинскиот Устав, сите договори за територии мора да бидат потврдени на референдум, а гаранциите за безбедност мора да важат и за Украина и за Русија.

Путин предупреди дека војници на НАТО во Украина би станале легитимна цел за руската армија. Додаде дека сè уште не разговарал телефонски со американскиот претседател Доналд Трамп по вчерашните консултации во Европа, поради неговото патување во Кина.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран