Голем пожар избувна на пазарот Правобережни во Невскиот округ во Санкт Петербург, зафаќајќи го целиот пазарен комплекс. Снимки од воздух покажуваат дека пламените јазици брзо се прошириле по целата должина на објектот, придружени со густ столб црн чад.
Пожарникарските екипи интервенираат на главниот влез, а според Министерството за вонредни ситуации, до 19:00 часот по локално време огнот се проширил на околу 300 квадратни метри. Настанот е класифициран како ниво два – повисока категорија на опасност. На терен се распоредени шест противпожарни возила и триесет пожарникари.
Според сведоштва на вработени, пожарот започнал на вториот кат, каде прво „нешто почнало да искри“, по што просторот брзо се исполнол со густ чад и луѓето во паника излегле надвор. Очевидци велат дека се слушнале и неколку експлозии.
Општинското обвинителство ги истражува причините за несреќата, а руските медиуми пренесуваат дека две лица се повредени.



























