УТРО.мк

Поранешен офицер: Британската армија извршила воени злосторства во Авганистан

Поранешен офицер: Британската армија извршила воени злосторства во Авганистан
Vero

Бивши висок британски офицер изјави пред јавна истрага дека специјалните сили на Британија (SAS) извршиле воени злосторства во Авганистан, а и покрај познатите проблеми во командната структура, ништо не било преземено. Истражувањето на Министерството за одбрана е покренато по документарецот на BBC, кој откри дека единицата убила 54 лица во сомнителни околности помеѓу 2010 и 2013 година.

Сведокот N1466, тогаш помошник-шеф за операции во специјалните сили, наведе дека бројот на убиени го надминувал запленетото оружје и дека случаите на убиени притвореници биле пријавени, но наместо кривична постапка била извршена само ревизија на тактиката. Тој потенцира дека ваквите незаконски убиства не биле ограничени на мал број припадници, туку можеле да бидат широко познати во единицата.

Други сведоци истакнале фрустрации кај војниците поради брзото ослободување на притворениците и ривалство меѓу единиците UKSF1 и UKSF3. N1466 заклучи дека таквото насилство, вклучувајќи убиство на деца, не е „елитно“ и не требало да се одобрува или прикрива.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран