УТРО.мк

Орбан ја изненади Европа: Украина да стане „тампон-зона“ меѓу Русија и НАТО?

Орбан ја изненади Европа: Украина да стане „тампон-зона“ меѓу Русија и НАТО?
Vero

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека ситуацијата на фронтот се развива во корист на Русија и дека Украина треба да се откаже од дел од својата територија.

Тој предложи по завршувањето на војната Украина да служи како „тампон-зона“ меѓу Русија и НАТО, додека Русија би задржала територии определени од меѓународна мировна конференција. Орбан додаде дека би било прифатливо Русија и НАТО да се договорат за големината и опремата на украинската армија.

Тој повтори дека најреалистичен е американскиот план од 28 точки за завршување на конфликтот, иако Европа го критикувала дека бил премногу наклонет кон интересите на Москва. По завршувањето на војната, Русија би се вратила во глобалните економски текови, а санкциите против неа би биле укинати.

Орбан ги обвини европските држави дека ја продолжуваат војната поради финансиски интереси. Тој исто така посочи дека нападот на Русија е мотивиран од чувство на несигурност по распадот на Советскиот Сојуз и проширувањето на НАТО, со можност Украина да се приклучи на Алијансата. „Русите имаат право на своја безбедност и не го сакаат НАТО за сосед“, рече Орбан.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран