УТРО.мк

Павел: Брз мировен договор со Русија е нереален, патот ќе биде сложен

Павел: Брз мировен договор со Русија е нереален, патот ќе биде сложен
Vero

Чешкиот претседател Петр Павел предупреди дека очекувањата за брз крај на конфликтот во Украина се наивни. Во интервју за порталот Odkryto.cz, тој нагласи дека патот кон мировен договор ќе биде „сложен и неизвесен“.

Според Павел, најзначајниот напредок во моментов е приближувањето на ставовите на Киев, европските престолнини и Вашингтон. Но, тој истакна дека суштинското прашање не е усогласувањето на позициите меѓу сојузниците, туку како да се постигне договор со Москва. „Доколку Русија не биде подготвена за реални компромиси, сите дипломатски напори би можеле да бидат залудни“, рече Павел.

Тој го критикуваше однесувањето на Москва како „максималистичко“, посочувајќи дека Русија досега покажала мала подготвеност за преговори. Во таа насока, Павел повика на засилен политички, финансиски и економски притисок врз Кремљ, додека Западот продолжува да обезбедува воена поддршка за Украина.

Во меѓувреме, трилатералните разговори меѓу Украина, Русија и САД се планирани за 17 и 18 февруари во Женева. Украинскиот претседател Володимир Зеленски истакна дека клучната тема ќе биде територијалниот статус на спорните региони, а Кремљ ја потврди истата позиција преку портпаролот Дмитриј Песков.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран