УТРО.мк

Осудени убијците на шведскиот рапер C. Gambino – едно доживотно и две долги затворски казни

Осудени убијците на шведскиот рапер C. Gambino – едно доживотно и две долги затворски казни
Vero

Тројца мажи на возраст од дваесетина години добија долгорочни затворски казни за учество во убиството на наградуваниот хип-хоп уметник C. Gambino (Карaр Рамадан), кое се случи минатата година во Гетеборг, Шведска. Судот го опиша нападот како „ладнокрвно погубување“.

Иако тројцата беа обвинети за соучесништво и помагање во убиството, само еден од нив – 22-годишник – доби доживотна казна, додека другите двајца беа осудени на 15,5 и 12,5 години затвор. Не беше утврдено кој точно ги испукал смртоносните истрели. Пиштолот не е пронајден, а возилото што било користено при убиството било запалено.

Нападот е поврзан со локален мафијашки конфликт, но мотивот останува нејасен. Обвинителството посочува дека нема докази дека убиениот бил дел од криминална мрежа.

C. Gambino беше застрелан во јуни 2024 година на паркинг во Гетеборг, додека се враќал од теретана. Убијците го чекале повеќе часови, а видеа од надзорни камери покажуваат дека возилото било паркирано на локацијата уште една недела претходно. Тоа, според судот, покажува дека нападот бил внимателно испланиран.

Покрај овие осуди, уште еден случај поврзан со криминални банди беше затворен деновиве, кога 14-годишно момче беше прогласено за виновно за убиство на маж во Скуруп, по налог на озлогласената шведска банда „Фокстрот“. Уште две деца беа осудени за заговор и подготовка на убиство, но нема да бидат казнети поради тоа што се под 15 години – границата за кривична одговорност во Шведска.

Шведските власти соопштија дека во ирачкиот Курдистан е уапсена клучна личност од бандата „Фокстрот“, блиска до нејзиниот водач Рави Мајид и поврзана со повеќе убиства, меѓу кои и тоа во Скуруп.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран