
Унгарскиот премиер Виктор Орбан упати остри обвинувања кон Украина, тврдејќи дека украинските политички лидери, вклучувајќи го претседателот Володимир Зеленски, испратиле серија „агресивни и заканувачки пораки“ против Унгарија и нејзината влада.
Според Орбан, националните безбедносни служби ја анализирале активноста на Киев и заклучиле дека овие напади се дел од координирана кампања за влијание врз унгарските избори, закажани за 12 април. „Украинците имаат директен интерес за нова влада во Унгарија и ќе бидат активни во изборната кампања“, изјави премиерот на прес-конференција во Брисел.
Во знак на протест, Орбан нареди на министерот за надворешни работи Петер Сијарто да го повика украинскиот амбасадор во Будимпешта. Премиерот додаде дека Унгарија нема да дозволи никој да го загрози суверенитетот или интегритетот на изборниот процес.



























