УТРО.мк

Напад со беспилотно летало во ОАЕ: Избувна пожар во клучен индустриски центар

Напад со беспилотно летало во ОАЕ: Избувна пожар во клучен индустриски центар
Vero

Индустриска зона во Фуџаира беше зафатена од пожар откако, според информациите на локалните власти, објектот бил погоден со беспилотно летало. Инцидентот се случил во еден од најзначајните енергетски и логистички центри на Обединетите Арапски Емирати, каде се наоѓа и најголемото нафтено пристаниште во земјата.

Медиумите во Фуџаира соопштија дека противпожарните екипи реагирале веднаш по избувнувањето на огнот и успеале брзо да ја локализираат ситуацијата. Според досегашните информации, во нападот нема повредени или загинати лица.

Поради безбедносни причини, операциите за товарење на нафта во пристаништето биле привремено прекинати, потврдија два извори за агенцијата Reuters. Надлежните институции засега не откриваат кој стои зад нападот, а истрагата за околностите околу инцидентот е во тек.

Нападот повторно ја отвора темата за безбедноста на клучната енергетска инфраструктура во регионот. Индустриската зона во Фуџаира и претходно беше мета на напади во рамки на тековните регионални тензии, а последниот ваков инцидент беше регистриран на 3 март.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран