УТРО.мк

Напад на британската база на Кипар со дрон, без значителни штети

Напад на британската база на Кипар со дрон, без значителни штети
Vero

Британските вооружени сили на Кипар се најдоа под напад откако беспилотно летало го погодиaa воената база на Кралските воздухопловни сили во Акротири. Според соопштението на Министерството за одбрана на Велика Британија, штетата е минимална, нема повредени, а истрагата е во тек за да се утврди местото од каде е лансиран дронот.

„Нашите сили веднаш реагираа за да ја заштитат базата и персоналот“, се наведува во официјалното соопштение. Нападот се случи само неколку часа по одлуката на Велика Британија да им овозможи на САД да користат британски воени бази за операции против Иран. До сега Лондон не бил директно вмешан во американско-израелските акции, но премиерот Кир Стармер изјави дека неодговорното однесување на Иран создава закана по британските граѓани, што ја оправдува одлуката за соработка.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран