УТРО.мк

Над 27.000 патници вратени од границите на ЕУ со новиот систем за контрола

Над 27.000 патници вратени од границите на ЕУ со новиот систем за контрола
Vero

Повеќе од 27.000 лица биле одбиени при обид за влез во Европската Унија од почетокот на етапното воведување на новиот систем за гранична контрола (EES) во октомври минатата година, соопшти Европската комисија. Од нив, околу 700 лица биле идентификувани како директна безбедносна закана.

Според податоците, од стартот на примената се регистрирани над 52 милиони влегувања и излегувања од Унијата. Комисијата го поздрави целосното воведување на системот за влез и излез (EES), нагласувајќи дека автоматизираната контрола значително ја подобрува ефикасноста на граничните процедури.

Благодарение на новата технологија, регистрацијата на еден патник трае во просек околу 70 секунди, што придонесува за побрз проток на патници на граничните премини.

Системот ги заменува традиционалните рачни печати во пасошите и овозможува собирање на лични и биометриски податоци, со цел поефикасно следење на престојот и спречување на негово пречекорување.

Новите правила се однесуваат на државјани од трети земји кои не се дел од ЕУ или Шенген-зоната, вклучително и Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија, а важат за краткорочен престој до 90 дена.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран