Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, изјави дека Русија ќе биде принудена да ја оцени можноста за повторно спроведување нуклеарни тестирања, по изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за „нуклеарно тестирање“ во Соединетите Држави.
„Никој не знае што точно мислел Трамп под ‘нуклеарно тестирање’, веројатно ни самиот тој. Но, тој е претседател на САД и последиците од таквите зборови се неизбежни“, напиша Медведев на социјалните мрежи.
Претходно, на седница на рускиот Совет за безбедност, претседателот Владимир Путин ја оцени ситуацијата како сериозен безбедносен предизвик. Тој наложи на Министерството за надворешни работи, Министерството за одбрана и разузнавачките служби да изготват предлози во врска со можни подготовки за нуклеарни тестирања.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, појасни дека не станува збор за непосредно активирање тестови, туку за анализа дали постои потреба од таков чекор.
Истовремено, САД денеска спроведоа тест-лансирање на интерконтиненталната балистичка ракета „Минутмен III“, способна да носи нуклеарна бојева глава, објавија американските вселенски сили.























