УТРО.мк

Маж без документи се качил во авионот на премиерката на Данска на аеродромот во Гренланд

Маж без документи се качил во авионот на премиерката на Данска на аеродромот во Гренланд
Vero

Посетата на данската премиерка Мете Фредериксен на Гренланд заврши со озбилен безбедносен инцидент. На аеродромот во Нук, непознат маж успеал да се качи во владиниот авион кој требаше да ја пренесе премиерката назад во Данска.

Според информации од гренландскиот јавен сервис КНР, инцидентот се случил во петокот навечер, додека авионот се подготвувал за полетување. Мажот, без какви било лични документи, се појавил во терминалот за пристигнувања и тврдел дека патува со истиот лет како премиерката. Дури и без идентификација, аеродромскиот персонал го пропуштил низ безбедносната контрола и со службено возило го одвел директно до авионот.

Тој веќе успеал да предаде торба која била натоварена во авионот, а потоа започнал да пребарува по полици за багаж во внатрешноста на леталото. Дури тогаш екипажот интервенирал, го извадил од авионот и го предал на полицијата.

Како резултат на хаотичната ситуација, премиерката Фредериксен не успеала да полета со планираниот лет и морала да замине дури следната ноќ, во сабота околу три часот наутро, со друг авион.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран