
Македонското државно знаме се вее на зградата на локалната власт во Брекенриџ, седиштето на Округот Самит во сојузната држава Колорадо. Причината е свечена и симболична – Македонец со потекло од нашата земја е избран за висок локален функционер.
Станува збор за Виктор, кој пред Нова година бил именуван за заменик-градоначалник на округот, со што македонската заедница во САД доби значајно институционално признание. Во чест на овој настан, локалните власти одлучиле македонското знаме да биде истакнато на официјалната зграда.
Овој гест е поздравен од македонската дијаспора, која го оцени како силен симбол на интеграција, успех и почит кон културното потекло, но и како поттик за поголемо учество на Македонците во јавниот и политичкиот живот во странство.



























