УТРО.мк

Кина ќе претстави мистериозно оружја за дронови

Кина ќе претстави мистериозно оружја за дронови
Vero

Кина на 3 септември во Пекинг, за време на парадата по повод 80-годишнината од крајот на Втората светска војна, ќе го претстави своето ново микробраново оружје дизајнирано за борба против беспилотни летала.

На плоштадот Тјенанмен ќе бидат изложени три системи од типот високомоќно микробраново оружје (HPM), кои емитуваат силни импулси и ја онеспособуваат електрониката на дроновите. Технологијата е осмислена да неутрализира цели роеви беспилотни летала на растојание од неколку стотици метри, а главната примена ќе биде во одбраната на воени бази и критична инфраструктура од масовни напади со евтини дронови.

Извештаи за тестирање на вакви технологии беа објавени уште во јануари годинава, што укажува на забрзано вложување на Кина во електронско војување. Во јуни, кинеските медиуми информираа и за развој на графитна ракета – проектил кој содржи 90 подмуниции со јаглеродни нишки, наменети за уништување на електричните мрежи преку предизвикување кратки споеви во високонапонските системи.

Овој потег се толкува како сигнал дека Кина интензивно гради капацитети за справување со современите безбедносни предизвици, каде дроновите играат сè поголема улога.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран