УТРО.мк

Катар ги отфрли тврдењата дека понудиле 12 милијарди долари на Иран за склучување на мировен договор

Катар ги отфрли тврдењата дека понудиле 12 милијарди долари на Иран за склучување на мировен договор
Vero

Доха остро ги отфрли наводите што се појавија во дел од медиумите дека Катар наводно му понудила на Иран околу 12 милијарди долари, кои би потекнувале од замрзнат ирански имот, како дел од договор за постигнување мировен аранжман.

Во реакција што ја пренесе Министерството за надворешни работи на Катар, ваквите тврдења се оценети како целосно неточни и политички мотивирани. Од таму предупредуваат дека станува збор за дезинформациски наративи насочени кон нарушување на дипломатските напори и процесите за деескалација во регионот.

Портпаролот на министерството нагласи дека објавите за „понуда“ од ваков тип немаат никаква основа и дека се шират од актери кои, според него, имаат интерес да ги поткопаат тековните преговори и обидите за стабилизација на односите.

Во меѓувреме, Катар сè поактивно се вклучува како посредник во комуникацијата меѓу Вашингтон и Техеран, позиционирајќи се во улога на канал за дијалог во чувствителен дипломатски момент. Претходно, слични обиди за посредништво имаше и Пакистан, но без значителен успех.

Еден од клучните услови што ги поставува иранската страна во поширокиот преговарачки контекст останува деблокадата на милијарди средства на Иран кои се замрзнати во странство.

Како дел од последните дипломатски активности, во Доха вчера пристигна висока иранска делегација, во која учествувале министерот за надворешни работи Абас Арагчи и претседателот на парламентот Мохамад Багер Галибаф, додека според неофицијални информации во составот бил и гувернерот на иранската централна банка.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран