Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи Кaja Калас изјави дека наредните денови можат да бидат клучни за дипломатските напори за Украина, по „тешките, но продуктивни“ разговори во САД за потенцијален мировен договор. Министрите на одбрана на ЕУ ќе се фокусираат на засилување на помошта за Украина и подобрување на одбранбената спремност на блокот.
Калас нагласи дека Русија не покажува интерес за мир и дека Украина мора да биде што посилна за да се брани сама. Разговорите на Флорида се фокусираа на можната де факто граница со Русија во евентуален мировен договор.
Таа додаде дека на Украина и се остава главниот товар за одбрана и дека, иако одредени земји, како Белгија, се воздржани околу користење на замрзнатиот руски имот за поддршка, остатокот од ЕУ е подготвен да го преземе ризикот. Калас истакна дека евентуалниот притисок не смее да биде само на украинската, туку и на руската армија.



























