УТРО.мк

Израелски доселеници палат куќи на Палестинци, министерот тврди: „Ова не е тероризам“

Израелски доселеници палат куќи на Палестинци, министерот тврди: „Ова не е тероризам“
Vero

Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, наводно изјавил дека нападите на доселениците врз Палестинците на Западниот брег не претставуваат „тероризам“, туку само „нарушување на јавниот ред и мир“.

Контроверзната изјава била дадена на затворена седница на комитетот на Кнесетот, во период на ескалација на насилството, пишува The Times of Israel.

Неговите зборови пред Комисијата за надворешни работи и одбрана предизвикаа остри реакции кај пратениците од центристичката партија „Јеш Атид“, Елазар Стерн и Рам Бен-Барак. Според извештаите во хебрејските медиуми, тие инсистирале дека напаѓачите се „еврејски терористи“ и дека ваквите дејствија мора да бидат дефинирани како тероризам.

Нападите на доселениците се засилуваат последниве недели, поради што безбедносните служби ги интензивираа напорите за спречување на овој тренд. Опозициските пратеници наводно вршат притисок врз Кац повторно да го воведе административниот притвор за осомничени еврејски напаѓачи.

Министерот претходно објави дека оваа контроверзна мерка – која овозможува притвор без обвинение од безбедносни причини – повеќе нема да се применува за еврејски осомничени, иако сè уште важи за Палестинците.

Бранeјќи ја својата одлука, Кац инсистира дека постои разлика помеѓу опасно однесување и нарушување на јавниот ред и мир, тврдејќи дека насилството од доселениците спаѓа во втората категорија. Тој нагласува дека ниту една безбедносна служба, вклучително и Шин Бет, не го дефинира еврејското националистичко насилство како тероризам.

Меѓутоа, ова е во спротивност со последните потези на полицијата, која оваа недела соопшти дека ќе поднесе обвиненија за тероризам против двајца еврејски осомничени.

Едниот од нив, уапсен на 9 ноември, треба да биде обвинет поради тоа што бил снимeн како претепува палестинска жена до безсознание со стап за време на бербата на маслинки минатиот месец.

Вториот е уапсен под сомнение дека подметнал оган на имот за време на дивеењето на доселениците низ градовите меѓу Тулкарем и Наблус.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран